Регион

Струмичките лекари ќе се вакцинираат во Скопје

Струмичките лекари ќе се вакцинираат во Скопје.

Ова денес го потврди директорката на здравствениот дом во Струмица Љубица Митева. Иако биле подготвени според протоколите вакцинацијата на здравствените работници кои работат директно со ковид позитивните пациенти , сепак од министерството за здравство било одлучено вакцинацијата да се спроведе во скопските вакцинални пунктови за Ковид 19.

Здтравствениот инспекторат бил во контрола на здравствениот дом во Струмица кои утврдиле дека ладниот ланец за складирање и чување на вакцинацијата ги исполнува условите. Директорката Митева вели дека засега немаат конкретни инструкции за термини кога здтравстевните работници треба да заминат за Скопје да ја примат вакцината.

Очекуваат во наредните денови да добијат покана за вакцинација, а од струмичкото здравство се очекува вакцина да примат 36 лекари и медицински персонал кои секојдневно се во контакт со ковид позитивни пациенти.

Денес во Скопје започна вакцинацијата а први на примија лекарка и медицинска сестра од скопска клиника.

Препорачуваме:

Министерката Тренчевска ќе барала средба во Струмичката епрахија за разликите во ставовите за Законот за родова еднаквост

Сузана Мицева

Денеска се одржа 16 работна конференција на Локалниот совет за превенција во општина Струмица

Ѓ. K.

ВИДЕО: Распишани тендери за набавка на електронски уреди за гевгелиските училиштa