• Sat. May 11th, 2024

124 медицински лица од Гевгелија се пријавиле за вакцинина

124 медицински лица од Гевгелија се пријавиле за вакцина. За вакцинација против КОВИД-19 од гевгелиската Општа болница со проширена дејност се пријавиле 124 од 250 од медицинскиот персонал и лекарите.
 –  Веќе е подготвен тимот за вакцинирање кој ќе го спроведува вакцинирањето за граѓаните од регионот. За тоа е надлежна Општа болница од Гевгелија, односно за граѓаните и од општините Богданци и Дојран. Тимот е составен од еден лекар и една медицинска сестра. Определено е и местото и времето каде и кога ќе се изведува вакцинирањето.


Со пристигнувањето на првата пратка вакцини преку Министерството за здравство, очекуваме веднаш да го ставиме во функција вакциналниот тим. Пријавените граѓани ќе се вакцинираат во чекалната пред Центарот за дијабетес. Тоа ќе биде во попладневнте часови, после 14 часот, за да не дојде до контакт со редовните пациенти за прегледи на Одделенијата во болницата. Ова го стакна директорот на Општа болница- Гевгелија, д-р Митко Крџев.
 Досега, на ниво на РСМ биле пријавени 4.000 здравствени работници. Од ниц околу 2.000 здравствени работници се од Скопје. Останатитездравствени работници се од другите градови. Тие, според Националниот план за имунизација, се во првата фаза. Потоа, следуваат постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест. Компликации и смртен исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години. И, на крај, сите останати заинтересирани за вакцинација.
 Системот за пријавување за вакцинација против КОВИД-19 е достапен за секој граѓанин на Македонија. Пријавувањето е по електронски пат преку апликацијата vakcine.mk, каде што граѓаните можат да се пријават за вакцинација. Таму оставаат свој контакт телефонски број и електронска адреса за да можат да бидат ставени во системот на „Мој Термин“. Потоа добиваат термин за вакцинација.
Инаку, од утре започнува вакцинацијата против КОВИД-19 од првата пратка на вакцините од „Фајзер“ од Србија за здравствените работници од Скопје која ќе се спроведува во Модуларната болница во скопскиот Клинички центар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *