• Mon. May 13th, 2024

Министерката Тренчевска ќе барала средба во Струмичката епрахија за разликите во ставовите за Законот за родова еднаквост

Епископот Стобиски Јаков вели дека од Законот за родова еднаквост произлегува терминот родов идентитет, што според него е еден од најспорните моменти во законот. Ова го изјави со синоќешното интервју за Сител, каде образложи што го загрижува во предлог законот. Иако најголемиот дел од законот според него е добар, постојат замки на кои изминатиот период повикува на внимателност.

Министерката за труд и социјална политика, пак, тврди дека законот се залага за поголеми човекови права и дека суштината на законот не била доловена на трибината што на 17 март се одржа во Струмица.

Министерката најави дека викендов ќе закаже средба во струмичката епархија и ќе разговараат за Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.