• Thu. May 16th, 2024

Дневните температури ќе се во позитива

Дневните температури ќе се во позитива.

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно ведро, во втората половина од ноќта и изутринава во централните делови имаше појава на ниска облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Препораки за ниските температури , имаше од здравствените власти.

Во текот на денот нѐ очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер.

Попладне облачноста ќе се зголеми и во вечерните и ноќните часови ќе има повремен слаб снег, претежно во североисточните делови.

Максималната температура ќе достигне од -2 до 6, а во делови од Пелагонија околу -7 степени.Управата за хидромероролошки работи констатира дека дневните температури ќе се во благ пораст и во наредните денови.

Ќе дува слаб ветер од западен правец, а максималната дневна температура се очекува да достигне три степени целзиусови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *