• Thu. May 16th, 2024

Денеска се одржа 16 работна конференција на Локалниот совет за превенција во општина Струмица

ByЃ. K.

Feb 28, 2024

Денес се одржа 16 работна конференција на Локалниот совет за превенција во општина Струмица, која помина во исклучително контруктивна атмосфера, а во интерес на општината и нејзините граѓани.

Покрај разните теми и заклучоци, главен акцент на конференцијата беше ставен на известувањето за формирање координативно тело за аерозагадувањето, како и дискусија за состојбата со аерозагадувањето во општина Струмица.

„Уште една конференција, уште еден чекор напред и уште еден доказ дека Струмица го има најпостојаниот, најпрофесионалниот и најефикасниот Локален совет за превенција во државата, кој треба да биде пример за сите други општини“, напиша градоначалникот Костадинов.

By Ѓ. K.