Забава

„Ноќни усменија“-Мариета Дукиќ ќе ја промовира својата прва збирка песни

Поетски слики со Мариета и пријателите. Вака се замислени „Ноќните усменија“, книжевен настан на кој ќе се читаат и ќе се разговара за стиховите од дебитантската ситхозбирка на струмичката поетеса.

За стихозбирката, рецензентката Сузана Мицева ќе рече:

„Песните од книгата „Усменија“ се токму такви какви што ни навестува насловот. Стихови што се кажуваат наизуст, што остануваат во потсвеста и понекогаш им се навраќаме како на свои усни забелешки. Болки што се кажуваат во кодови, а нивното разобличување е за секого индивидуално, лично расчленување на тагата и споделената несреќа“.

Настанот ќе се одржи во Пијано барот на Космополит, од 19.30 часот.

Препорачуваме:

Почина поетот и академик Радован Павловски

Сузана Мицева

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

Јордан Митев пред свадбата со нов сингл, промоција и во Австралија

Ване Трајков