• Sat. May 18th, 2024

Почина 24 годишна девојка од Радовиш-прегазена на пешачки премин во Скопје

Вечерва 24 годишна девојка од Радовиш трагично го загуби животот, откако е прегазена на пешачки премин во Скпје. Несреќата се случила во близина на Сити Мол, откако автомобил Цитроен со скопски регистрарски таблички, управуван од 22 годишник, не застанал на пешачкиот премин.

Неофицијално, автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин. Од МВР соопштија дека автомобилот удрил во две лица од Радовиш.

-Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н.1997 од Радовиш, која починала на лице место, рекоа од МВР.

Полицијата моментално е на терен и врши увид на местото на несреќата. Околу местото на несреќата сообраќајот е сопрен, а возилата се пренасочуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *