Забава

Ленче Кукиќ ја објави првата песна за Гранд продукција „Бисер“-промовиран и видео спот

Естрадната уметница Ленче Кукиќ ја објави првата песна за Гранд продукција. Музиката за баладата „Бисер“ ја потпишува Husa Beat Street, одека текстот е на Весна Петковиќ.

Ленче за Гранд изјавила дека песната изобилува со емоции и иако е балада, сепак носи порака полна со љубов.

Вечерва Гранд продукција го промовира и видео записот за „Бисер“, што го изработи струмичкото дуо Кире Пиличев и Георги Кончалиев. Видеото е снимено во амбиентот на хотел Глигоров во Струмица.

Инаку, ова не е прва соработка на Пиличев и Кончалиев со Ленче и Горн Кукиќ. Тие ги потпишаа и видео записите за песните „Сречна ти Нова, Балкане стари“, новогодишната нумера на брачниот пар Кукиќ со колегите од шоуто „Никад није касно“ и „Вињак мој“ на Горан Кукиќ.

Препорачуваме:

За музиката нема пандемија

Сузана Мицева

Литературното списание Росица ги анимира најмалите преку социјалните мрежи

Сузана Мицева

Целовечерна новогодишна програма на Тв канал Вис со струмичката естрада

Сузана Мицева