Забава

Почина поетот и академик Радован Павловски

На 84-годишна возраст вчера почина академик Радован Павловски, препознатлив по определбата додадена кон неговото име – „принц на метафората“.

Павловски кој беше поет, есеист и патописец, беше редовен член на Македонската академија на науките и уметностите од 2006 година.

Академик Радован Павловски е еден од најафирмираните македонски поети, чија поезија е преведена на околу педесет јазици.

Автор е на дваесетина поетски книги, како и на книги со патеписи и есеи, а ги има добиено сите најзначајни македонски награди за поезија, како и неколку странски награди и признанија.

Препорачуваме:

Видео- Познатиот светски голф играч Тајгер Вудс, уапсен заради сомнително возење

Dimitar Micev

Божик неработен ден за сите граѓани

Сузана Мицева

53-годишната Хали Бери во портокалови бикини згодна како и пред 18 години