Забава

Јордан Митев пред свадбата со нов сингл, промоција и во Австралија

Фолкерот Јордан Митев деновиве го промовираше новиот сингл насловен  „Пуста да остане таа печалба“ во која се раскажува сагата за подобар живот со заминување на печалба и носталгијата за родниот крај. Станува збор за песна со традиционална  музика од зурли, тапани, гајда. Композиција која е комплетно авторско дело на Јордан Митев, снимена е во студио Анастасија, а нејзин продуцент е Љупчо Павловски.

Синглот „Пуста да остане таа печалба“  на крајот од септември  ќе биде промовиран и пред нашинците во Австралија каде ќе биде на двомесечна турнеја со оркестрот ,,Фаворити,, . Како австралиски зет за македонка, Митев планира да одржи  се десетина концерти во Перт, Волонгонг, Сиднеј, Њукасл, Мелбурн, Геолонг

Пред заминување на промоција на својот нов сингл, Митев најави свадба во Македонија со својата избраничка Славица Митреска.

По турнејата во Австралија, радовишкиот фолкер од Подареш Јордан Митев најавува нови музички изненадувања како последното со издавањето на новото ЦД со 15 негови хитови …

Препорачуваме:

(Видео) Слушнете како звучи новиот албум на Влатко Стефановски трио – Taftalidze Shuffle

Сузана Мицева

Вечерва се отвора нова изложба од серијата „Ѕид на уметноста“

Сузана Мицева

Hose Alberto Gutijeres, 20 години собирал книги кои биле фрлени во ѓубре, отворил бесплатна библиотека

Dimitar Micev