Спорт

Се иницира следната сезона Струмица да има кошаркарски второлигаш- средба на Јаневски со раководството на КФСМ

Вчера градоначалникот на Струмица Коста Јаневски имаше средба со раковдството на КФСМ предводено од претседателот Перо Антиќ и спортскиот директор Тодор Гечевски на која приуствувале и владините советници за спорт и за млади Даниел Димевски и Ѓорги Тасев. На средбата се разговарало како да се врати сјајот на кошарката во Струмица кој до пред една сезона имаше преставник во елитното натпреварување во сениорска конкуренција

,,Струмица е спортски град со богата спортска традиција и секогаш спортот е приоритет на општината. Разговаравме за враќање на сјајот на струмичката кошарка и создавање на нови кошаркарски имиња.
Ја потврдив мојата заложба за континуирана поддршка, но и потенцирав дека треба сите заедно да соработуваме и да го дадеме максимумот за развој на спортот во општината,, објави Коста Јаневски кој потврди дека имало идеја од следната сезона да се формира кошаркарски второлигаш во сениорска конкуренција

Препорачуваме:

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Никола Гелебешев“ се ближи кон самиот крај

Ѓ. K.

Струмица и Радовиш домаќини на Југоисточниот Европски Шампионат во спортска ориентација

Ване Трајков

Мичковски и Дујовски се новите засилувања на Беласица

Ѓ. K.