Свет

Се сруши авион во Русија, патниците се спасија, пилотите загинаа

Авион марка „Ан-24“ на руската авиокомпанија „Ангара“ се сруши во руската област Бурџатија. Двајцата пилоти кои го управуваа леталото загинаа, но сите патници во авионот го преживеаја падот.

Локалните медиуми јавуваат дека сите 42 патници биле живи извадени од остатоците од авионот, а 19 од нив завршиле во болница поради повреди.

На авионот кратко по полетувањето му откажал едниот мотор, па пилотите одлучиле да се вратат од местото на полетувањето. Додека се обидел да слета, авионот удрил во фабриката за прочистување на вода, по што се запалил.

Препорачуваме:

Хилари Клинтон-Руските хакери преку македонските портали се криви за мојот пораз

Dimitar Micev

Швајцарија гласаше за истополови бракови

Сузана Мицева

СЗО ја одобри вакцината на Модерна

Сузана Мицева