• Mon. May 13th, 2024

Швајцарија гласаше за истополови бракови

Долниот дом на швајцарскиот парламент усвои предлог-закон со кој ќе се овозможат истополови бракови. И покрај спротивставувањето на конзервативците, повеќето пратеници гласаа и за тоа на лезбејските парови да им се дозволи да користат сперма од донатори за зачнување деца.

Законот ќе биде испратен до горниот дом на изјаснување, пишува Ројтерс, пренесе Макфакс.

„Со 132 гласови „за “, 52 „против “ и 13 „воздржани “, Националниот совет кажа дека е за вистинска еднаквост“, сооошти на Твитер организацијата за човекови права „Пинк крос“, користејќи хаштаг којшто значи „брак за сите“.

Активистите истакнаа дека го чекале тоа многу долго, бидејќи Швајцарија во февруари донесе закон со кој се штитат лезбејките, хомосексуалците и бисексуалците од дискриминација.Предлог-законот дојде во парламентот 13 години откако Швајцарија го озакони граѓанското партнерство.

Јавната анкета за „Пинк крос“ во февруари покажа дека повеќе од 80 проценти од Швајцарците го поддржуваат бракот со ист пол, но политичките институции во таа земја обично се поконзервативни од пошироката јавност, пренесува Ројтерс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *