Спорт

Мичковски и Дујовски се новите засилувања на Беласица

ФК Беласица ги официјализираше Мичковски Тони и Дујовски Владимир.

Мичковски е брзоног крилен играч кој доаѓа од ФК Кожуф, а во минатото има настапувано и за ФК Силекс и ФК Брегалница.

Дујовски Владимир е искусен играч од средината на теренот, а претходната сезона настапуваше во ПМФЛ со екипата на ФК Победа. Покрај прилепска Победа, Дујовски има настапувано и за ФК Брегалница, ФК Пехчево и ФК Хоризонт Турново.

Препорачуваме:

Александар Стојанов повторно тренер на ФК Беласица

Ѓ. K.

Македонија ги доби противниците за ЕП во одбока

Ване Трајков

Брера Струмица организира дружење со фудбалската легенда Горан Пандев

Ѓ. K.