• Sat. May 18th, 2024

Македонец фатен во обид во Америка да шверцува монети вредни над 2 милиона денари

ByЃ. K.

Jul 25, 2023

Царинската управа спречи Македонец да отпатува во САД со монети во вредност од 2.359.000 денари.

Тој бил затекнат на скопскиот аеродром на излез од државата.

„Во багажот на патникот се забележани сомнителни предмети и при извршениот детален преглед, помеѓу личните работи на патникот пронајдени се стари монети со различно потекло и старост, со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари“, објави Царинската управа.

Монетите се привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство.

By Ѓ. K.