Спорт

Струмица и Радовиш домаќини на Југоисточниот Европски Шампионат во спортска ориентација

Од 8 до 11 септември , Струмица и Радовиш се домаќини на 6 тиот по ред  Југоисточен Европски Шампионат во спортска ориентација на кој учество ќе земат околу 500 натпреварувачи од 12 европски држави но и од земјава. Според програмата, Шампионатот стартува со спринт трката што ќе се одржи во Радовиш на 8 септември на Денот на независноста и тоа по радовишките улици,  додека вечертна на плоштадот во Струмица ќе биде свеченото отварање на ова Европско натпреварување. На 9 ти септември  натпреварувачите се селат на ,,Суви лаки,, на планината Огражден каде ќе се трча долга патека а на 10 и 11 септември Шампионатот се сели на локалитетот ,,Бел камен,, на планината Плачковица во Радовиш каде учесниците на ова европско натпреварување ќе трчаат средна патека и штафетата.

На Шампионатотшто го организира ОК ,,Еделвајс,, заедно со Федерацијата во спортска ориентација на Македонија ќе учествуваат селекциите на Србија, Босна, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Грција , Албанија, Бугарија, Молдавија, Романија, Турција и Северен Кипар. 

Шампионатот има мото,, Спортската ориентација не познава граници,, бидејки во овој спорт може да се вклучат сите и млади и стари и професионалци и рекреативци, бидејки ова е добар спој на трчање и пронаоѓање контролни точки со помош на топографска карта и компас.

Еве што истакна Ристо Киров директор на Шампионатот

Препорачуваме:

Пандевци не издржаа – бразилците славеа со 3:1

Ване Трајков

Одбојкарките на Наковски волеј триумфираа над екипата на УГД Младост Штип

Ѓ. K.

Љупчо Дориев од А.Пандев повикан за фудбалската репрезентација на Македонија да игра заедно со Горан Пандев

Ване Трајков