• Thu. May 16th, 2024

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Никола Гелебешев“ се ближи кон самиот крај

ByЃ. K.

Jul 29, 2023

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Никола Гелебешев“, во организација на ЗГ „Фантоми Север“- Гевгелија, се ближи кон самиот крај. Вечерва, ќе бидат одиграни натпреварите за третото место, а утре последните натпревари во финалето и борбата за првото и второто место.

За неполни два дена, ќе бидат познати најдобрите од пријавените 26 екипи кои играа во чест на Никола Гелебешев, долгогодишен тренер и голман во ФК „Кожуф“- Гевгелија, за кого ЗГ Навивачка екипа „Фантоми Север“ го организираше и 1. Меморијален турнир во мал фудбал.

By Ѓ. K.