Македонија

Пристигнувањето на Папата на аеродромот во Скопје

Неговата Светост, Папата Франциско, врховниот свештеник на Римокатоличката црква, пристигна во еднодневна посета на Република Северна Македонија.

На аеродромот во Скопје, Светиот Отец, Папата Франциско го пречекаа Претседателот на Република Северна Македонија Ѓорге Иванов и Претседателот на Владата на РСМ ЗоранЗаев, и други високи претставници на Владата и на градот Скопје. Церемонијата вклучи и високи државнички почести и традиционален пречек на кој учествуваа и граѓани од нашата земја и регионот.

Папата Франциско и неговата придружба во која се државниот секретар на Ватикан кардиналот Пјетро Паролин, кардиналите Леонардо Сандри и Курт Кох, задолжени за односи со источните црквии за христијанско единство, како и десетти на надбискупи и други високи достојници на Римокатоличката црква и Ватикан, и бројната придружба на делегацијата, од аеродромот Скопје се упатија кон резиденцијата на Претседателот на државата каде што ќе биде приредена официјалната свечена церемонија на пречек со највисоки државнички почести.

Во програмата на апостолската посета на Папата Франциско на нашата земја се средбите со претседателот Иванов и премиерот Заев, во придружба на нивнитес емејства, како и обраќањето на Неговата Светост Папата Франциско пред македонската јавност, пред претставниците на Собранието и на Владата, како и пред дипломатскиот кор во Северна Македонија и другите гости поканети на церемонијата на свечени от дочек во Вилата Водно.

Според програмата на апостолската посета на Папата Франциско, Неговата Светост од Вилата Водно ќе пристигне во Спомен Куќата на Мајка Тереза каде што ќе се сретне со група граѓани од ранливите категории и со претставници на верските заедници во нашата земја. Од Спомен Куќата на Мајка Тереза, Неговата Светост и придружбата ќе заминат кон плоштадот.

Препорачуваме:

Британскиот сој на Ковид-19 ќе биде доминантен во Македонија

Сузана Мицева

Заев: „Отворен Балкан“ е иницијатива отворена за сите земји во регионот

Донација на Кожувчанка во борбата против Ковид-19