Забава

Дојде приновата во британското кралско семејство – Меган Маркл роди момче

По долго очекување на фановите, кралското семејство доби уште еден член, а принцот Хари и Меган Маркл го добија нивното прво дете.
Фановите на кралското семејство будно ја следеа бременоста на Меган и со нетрпение го очекуваа нејзиното породување.

Денес попладне, Бакингемската палата официјално потврди дека Меган Маркл отишла на породување заедно со принцот Хари, а сега пристигна официјална информација за раѓањето на кралското бебе.

Војвотката и војводата од Сасекс добија син, а соопштението го објавија на официјалниот профил на Инстаграм. 

Мајката и бебето се во добра состојба, а парот се заблагодарува на јавноста за поддршката во овие посебни моменти.

Препорачуваме:

ВИДЕО-The Dreamer – Bonka Time, дали е оваа замената за Gangnam Style

Dimitar Micev

Како монархијата го славеше Божик некогаш – најдоброто од празничните фотографии на кралското семејство

Сузана Мицева

Раф Симонс,од брендот Калвин Клајн -најдобар моден дизајнер за 2017 година

Dimitar Micev