• Fri. May 17th, 2024

Заев: „Отворен Балкан“ е иницијатива отворена за сите земји во регионот

Во Тирана денеска се одржува Самитот на „Отворен Балкан“ кој започна со работна средба на лидерите на иницијативата, премиерот на Република Албанија, Еди Рама, како домаќин, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

„На самиот почеток на оваа иницијатива нагласивме: „Отворен Балкан“ е автентичен, заеднички процес на Северна Македонија, Албанија и Србија, но иницијативата е отворена за сите земји во регионот. Од првата средба во Скопје во јули и првото потпишување на договорите, покажавме дека силната политичка волја може да се трансформира во брзо функционирање на нашите институции, што несомнено го покажува нашиот капацитет како земји за спроведување брзи, ефикасни и напредни реформи. Токму овој капацитет ќе го покажеме пред европските институции на патот на нашите евроинтеграции“, рече во своето воведно обраќање премиерот Заев.

На состанокот во Тирана ќе бидат потпишани повеќе мултилатерални и билатерални договори во насока на реализација на основните права за слободно движење на луѓето, производите и капиталот, како дел од зацртаните придобивки за поголема регионална соработка и унапредување на поврзувањето меѓу земјите од Западен Балкан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *