Македонија Регион

Донација на Кожувчанка во борбата против Ковид-19

Кожувчанка ДОО денеска во ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар донираше медицинска опрема во вредност од 10.000 евра, за заштита на пациентите во новонастанатата состојба со COVID19 кризата во нашата држава.

Се работи за апарат за вентилација при транспорт на пациенти со погон на кислород, модел Oxylog VE300 Basic Drager Germany. Со апартот се испорачува и боца за кислород, редуцир вентил за кислород, носач на апаратот и боцата, пациент црева и адаптери за напојување.Овој апарат кој е подвижен и со современа вентилација, ќе овозможи полесен транспорт на пациентите до клиника или помеѓу клиниките поради различните испитувања на пациентите кои се заболени од COVID-19.


Кожувчанка ДОО е компанија која постојано бара начини да биде општествено одговорна компанија.
Особено радува тоа што овој вид на донација врз основа на укажувањата на клиниката е од особена важност за настанатата состојба со COVID-19 кризата.

Препорачуваме:

Граѓански новинар: Тротоарите на Младинска кај Мавровка во Струмица узурпирани со возила

Ване Трајков

Средношколецот Мицев денес градоначалник на Струмица, заедно со Костадинов на средба со вицепремиерот Битиќи

Ване Трајков

Филипче: Од есен на настани само со сертификат за вакцинација