• Mon. May 13th, 2024

Средношколецот Мицев денес градоначалник на Струмица, заедно со Костадинов на средба со вицепремиерот Битиќи

Средношколецот Јанко Мицев денеска беше градоначалник на еден ден на Општина Струмица во рамки на истоимениот проект на локалната самоуправа со „Европската куќа“.

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска ја отстапи својата фотелја по трет пат, откако претходно оваа „функција“ ја извршуваа две ученички.

,,Денешното прво доброутро во мојот кабинет му го посакав на младото момче Јанко Мицев, ученик во втора година во СОУ „Никола Карев“, кој денеска е во улога на градоначалник на еден ден. Заедно ги извршуваме планираните градоначалнички обврски во кабинетот и надвор од него, но ќе ги слушам неговите забелешки и предлози за уште поголема соработка со младите и поуспешен развој на нашата Општина, објави струмичкиот градоначалник.

Додаде дека „градоначалниците“ од редовите на младите ќе се менуваат, но целта секогаш останува иста-создавање подобра Струмица за сите, но и транспаретна, отчетна и голем пријател на младите. 

Младиот Мицев заедно со Костадинов денес имаа средба со вицепремиерот Битиќи кој ја поздрави овој проект

,,Утрово одржав состанок со Јанко Мицев, средношколец од средното електро-техничко училиште од Струмица, кој денеска е Градоначалник на еден ден. Одлична спроведена идеја на градоначалникот Костадинов и Europe House од Струмица кои даваат шанса на млади луѓе да влезат во институциите, да видат како работат како и да дадат идеја за што може да биде подобро, затоа што ние работиме токму за нив.,, објави Битики

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *