Граѓански новинар Регион

Граѓански новинар: Тротоарите на Младинска кај Мавровка во Струмица узурпирани со возила

Тротоарите на улица Младинска кај зграда Мавровка се постојано полни со коли, пешаците нема каде да се движат. Вака напиша ГРАЃАНСКИ НОВИНАР на апликацијата на Канал ВИС доставувајки видео од паркирани коли на тротоарот кај зградата во време на нокните часови……. Сликата не е поразлична ниту преку денот. Возилата на тротоари, пешаците на улица.  Не само на Младинска узурпирани тротоари од моторни возила има и на други места во градот реагираат струмичани

,,Немаме ингеренции за лошо паркираните возила, надвор од зонксото”, соопштија од ЈП Паркиралшите од каде тврдат дека одговорни се само за обележаните паркинг простори во градот. За моторни возила кои се лошо паркирани и преставуваат закана за безбеднсота во сообраќајот и пешаците одговорни се од полицијата. Од СВР Струмица соопштуваат дека се прават контроли. За Октомври и Ноември само во Струмица биле изречени 53 казни за непрописно паркирање

,,Казнените одредби поврзани со непрописно паркирање се содржани во Законот за безбедност на сообракајот на патиштата . Висината на казните се движи од 20 до 180 евра. Прекршителот има право во рок од 8 дена да плати половина од глобата ако не се покренува прекршочна постапка пред суд,, велат од струмичката полиција

Градоначалникто на Струмица Костадин Костадинов апелираше поголеми контроли од страна на институциите но и погола свест кај учесниците на сообраќајот.  Како општина планираат и нови паркинг простори но навиките кај возачите мора да се менува ако не сакаат казни

Од општината не ја исклучуваат можност идната година да бидат утврдени и нови делови од градот за зонско паркирање.

Доколку имате проблем кој сметате дека е во интерес на заедницата а треба да се реши пријавете ТУКА

Препорачуваме:

Расадот е основата на едно производство- земјоделците треба да ги применуваат сите заштитни мерки

Dimitar Micev

Цените на основните прехранбени продукти остануваат замрзнати и по 31 јануари

Стојне Митева

ВИДЕО: Една компанија за откуп на тутун уште е со затворени врати за тутунарите