• Mon. May 20th, 2024

За 24 часа има 16 починати, од кои најмладиот има 33 години

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19.

Скопје – 154, Битола и Прилеп – по 23, Кавадарци – 22, Куманово – 16, Охрид – 15, Штип –9. Во Струмица – 8, Велес – 7, Тетово – 6. Делчево и Валандово имаат по 5, Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 4. Кочани, Струга , Гевгелија и Неготино – по 3, Радовиш, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Крушево – по 2. Гостивар, Кичево, Свети Николе, Виница, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: 4 починати лица од Скопје (42г, 54г, 64г и 80г), по 2 починати лица од Битола (33г и 86г). Штип (62г и 78г) и Кочани (55г и 82г) по  едно починато лице од Прилеп (74г), Охрид (86г), Велес (80г),Крива Паланка (77г), Богданци (58г) и Демир Хисар (83г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 30.11.2021.  Починатото лице е од Кавадарци, на возраст од 63г. Било невакцинирано и починато во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.476.534 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.328, бројот на оздравени пациенти е 200.669, на починати е 7.609, а бројот на активни случаи изнесува 8.050.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *