Македонија

Денеска ќе пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во Бугарија

Денеска се очекува со два воено-транспортни авиони да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната автобуска несреќа во Бугарија.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи, по пристигнувањето поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

„ Во периодот од 10 до 13 часот, граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег, како и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот, веднаш до плоштадот, во периодот меѓу 11 и 12 часот“, се наведва во соопштението.

На плоштадот ќе биде поставен и видеобим, од каде граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката.

Препорачуваме:

Државата се бори со пожарите – гори на десетина локации

Сузана Мицева

Царовска на конференцијата ,,Семејство за секое дете”: Заклучно со 2020-та ниту едно дете од 0 до 3 години нема да биде во институција​

(Видео) Ангеловски: Изборниот процес се одвива мирно

Сузана Мицева