Спорт

Видео од головите со кои Академија Пандев повторно ја надигра Беласица овој пат со 3:0

Академија Пандев ја надигра Беласица на стадионот Кукуш во Турново во втората мегусебна фудбалска пресметка, во меч од 11 коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Со головите на Дориев, Крстовски и Миловановиќ пандевци славеа против струмичките сино бели со резултат од 3:0, победа со која ја прекинаа лошата мини серија со резултати

Фудбалерите на Академија Пандев одиграа офанзивен меч. Победата ја најавија уште во втората минута кога по асистенција на Илиев, Дориев ја смести  топката во мрежата на Вујанац.  Иако имаа предност од 1:0 избраниците на Југослав Тренчовски не прекинаа со притисокот кој роди со плод во 28 минута. Слободан удар од Стоилов до Дориев кој пак одлично го пронајде Крстовски во шеснаесетникот на Вујанац кој втор пат мораше да ја вади топката од мрежата

Во второто полувреме струмичките сино бели превзедоа иницијатива но немаа решанија . Не можеа Балдовалиев и Ивановски да го најдат виситнскиот пат до мрежата на Чубраковиќ. На спротивната страна Стоилов и Дориев промашија зицери. Конечните 3:0 ги постигна Миловановиќ кој со лоб удар го надмудри Вујанац

Со ова 6 победа Академија Пандев останува на 3 тата позиција на табелата со 19 бода додека Беласица падна на 7 место со 13 бода

Еве ги головите на Дориев, Крстовски и Миловановиќ во посредство со ТВ каналот на ФФМ а во продукција на Скендеровски

Препорачуваме:

Алонсо е замената за Фетел

Стојне Митева

Неделното дерби на Кукуш во Турново без навивачката група Ајдуци

Беласица против Пелистер, Академија Пандев против ССК Нова на стартот за КУП титулата