Спорт

Астраионци со подршка од трибините, планираат победа против непоразениот и лидер Металург јуниор

Струмичкиот ракометен прволигаш Астраион утревечер (недела) во спортската сала Парк со почеток во 19 часот го пречекува лидерот во Групата 2 Металург Јуниор од Скопје. Станува збор за дерби меч од седмото првенствено коло со кое се затвора првиот круг мечеви од ова натпреварување.

Металург Јуниор е без пораз.На своето конто има 4 победи и два нерешени исхода и со 14 бода се наога на првата позиција, додека струмичани со 3 победи едно реми и два пораза е на 4 тата со 10 бода.

Но астраионци нема лесно да се предадат. Според информациите од клубот екипата е максимално сконцентрирана за овој меч, во кој треба да се покажат сите потенцијали на младите струмички деца  за да направат изненадување и да останат во трката за плеј офот.

Очекуваат подршка од посетителите кои треба да бидат дополнителен играч на теренот

,,Металург Јуниор е доста квалитетен тим но тоа не значи дека ке го предадеме мечот. убедени сме дека може да се носиме со потенцијалот на овој клуб. Со подршка од трибините во салата Парк сметаме дека ќе направиме изненадување и Металург Јуниор во Струмица ќе го доживее првиот пораз. Само да бидеме максимално сконцентрирани без многу технички грешки,, велат ракометарите на Астраион

Мечот Астраион Металург јуниор започнува во 19 часот во салата Парк

 

Препорачуваме:

МВП Струмица со две победи во Скопје и тоа против подмладокот на шампионот МЗТ

Ване Трајков

Наковски Волеј лесно против битолски Пелистер, славеа со 3:0 во сетови

Ване Трајков

Гевгеличани во Софија против Левски за полуфинале во БИБЛ

Ване Трајков