Спорт

Гевгеличани во Софија против Левски за полуфинале во БИБЛ

Екипата на Кожув, попладнево гостува во Софија кај Левски во натпревар од последното коло од четвртфиналната група Д од БИБЛ лигата. Со евентуална победа против бугарскиот состав, гевгеличани ќе може да се надеваат на полуфинале во спротивно ќе мора да го чекаат исходот од  дуелот Пеќ и Сигал.  Гевгелиската екипа има скор од две победи и три порази како и косовскиот тим Пеќ и го делат второто место по овие средби се одлучувачки за втората позиција. Средбата Левски – Кожув ќе започне од 18 часот и 30 минути. Гевгеличани се единствените македонски преставници во регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ)

 

Препорачуваме:

Настапиле со ампуларна терапија и славеа со 10 гола разлика – ЖРК Струма Геотермика ја забележа третата победа

Македонија ја совлада Грција, и од првото место се пласираше на Европското првенство

Ване Трајков

Астраионци како на шала до четвртата победа во Велес

Ване Трајков