Спорт

Астраионци како на шала до четвртата победа во Велес

Пионерите на РК Астраион ја забележаа и 4 победа во пионерската лига на Македонија.  Лесно како на тренинг, младите струмичани  нагости ги совладаа своите врсници екипата на  Велес 2009 со 10 голови разлика ( 13:23). Тимот кој сериозно атакува за пионерската плеј оф завршница немаше многу проблеми во Велес каде Славе Јанковски имаше свое шоу постигнувајки 5 гола. Не помалку ефикасен беше и Василе Мурев кој 4 пати беше ефикасен а Борче Кочев,Живко Стојанов, Ѓорѓи Касапов по три пати ја тресеа мрежата на домаќините. Голови постигнаа и другите ракометари кои добија можност.

Победата Астраион ја најавија по првото полувреме кое заврши со 13:4 а во продолжение беше чиста рутина за избраниците на Димитар Пандев, Пепи Пецанов и Александар Пиличев. По ова победа ,,астраионци,, со постигнати 92 гола од четири победи се на лидерската позиција во групата 3. Следното коло го пречекуваат тимот на Лазарови

Препорачуваме:

Фото – Зоран Јовановски од ,,Мобилност,, со злато во Струга

Ване Трајков

Инцидент по мечот Беласица – Ренова, нападнат Балдовалиев кој се обидувал да ги смири страстите

Фото – Навивачки песни и бакли гореа во Парк, Куманово славеше

Ване Трајков