Спорт

Фото – Зоран Јовановски од ,,Мобилност,, со злато во Струга

 

Зоран Јовановски член на Здружението на лица со инвалидитет ,, Мобилност ,, од Струмица освои злато откако беше прв во повеќе спортски дисциплини на последните Републички спортски игри за лица со инвалидитет што се одржа во Струга. Зоран Јовановски го освои првото место во дисциплините фрлање ѓуле, диск и копје а во пинг понг го освои третото место. Јовановски   во фрлањето ѓуле, диск и копје беше апсолутен победник во конкуренција на десетина лица со инвалидиетет од цела Македонија но и од Босна

Освен Зоран Јовановски огромен успех постигнаа и Игор Димитриев и Игорче Постолов исто така членови на ,, Мобилност,, од Струмица. Димитриев во  дисциплините фрлање ѓуле, диск и копје го освои третото место, додека Постолов во пинг понг второто.

На овие републички спортски игри во Струга учествуваа и лица со телесен инвалидетет од Босна и Бугарија но тие на овие спортски игри беа надвор од официјалната конкуренција за медали

jovanovs medali struga ping pong

Препорачуваме:

Младите Тиверијанки со победа го стартуваа Голден Купот во Солун, ја надиграа грчка Докса

Гевгеличани потопени во Бар, за нив нема БИБЛ финале

Ване Трајков

Бразилецот Лео Антонио во дресот на Брера Струмица

Ѓ. K.