Спорт

Младите Тиверијанки со победа го стартуваа Голден Купот во Солун, ја надиграа грчка Докса

Кадетките на ЖФК Тиверија од Струмица со победа го стартуваа 11 тото издание на Голден Купот што овие денови се одржува во Солун Грција. Во рамките на првото коло ,,тиверијанки’’ со 6:3 ги совладаа врсничките од грчкиот женски клуб Докса од Драма. Станува збор за турнир за девојки родени од 2004 до 2007 година на кој учествуваат четири кадетски екипи

Во овој натпревар за младите надежи на Тиверија настапија Васева, Панеска, Велкова, Велинова, Џамбазова, Василева,  Михајлова, Гелева, Ѓоргиева, Галабовска, Трендова, Михајлова, Јованова, Крстева а головите ги постигнаа Василева, Велкова, Михајлова, Галабовска и Ѓоргиева која двапати ја тресеше мрежата на Докса од Драма.

Според распоредот ,, тиверијанки,, утре претпладне се среќаваат со кадетките на ПАОК а попладне со врсничките од женскиот клуб ,,Ментекас Каламариас,, Откако ќе се одиграт сите мечеви секој против секого, ќе се знае и победникот на овој турнир во женска конкуренција

Според информациите, струмичкиот тим е најмлад бидејки во редовите на  Тиверија играат фудбалерки родени 2005 и 2006 тата и помали девојки

 

 

Препорачуваме:

„Пандевци“ револтирани по повредата на Дориев: Намера очигледна, казна никаква… (ВИДЕО)

Ване Трајков

Баерн Минхен ја одби и третата понуда на Барселона за Левандовски

Сузана Мицева

Сарамандов се сретна со Македонската кошаркарска репрезентација

Сузана Мицева