Спорт

Сарамандов се сретна со Македонската кошаркарска репрезентација

 По повод одржувањето на квалификационите натпревари за Европското првенство во кошарка, во Гевгелија, градоначалникот Сарамандов денеска се сретна со репрезентативците и Стручниот штаб на Македонската кошаркарска репрезентација. Во спортската сала „26 Април“, на 10 и 13 ноември, Гевгелија ќе биде домаќин на одржувањето на натпреварите со Норвешка и Данска.


  Градоначалникот Сарамандов им посака успех и победа на Македонската кошаркарска репрезентација на претстојните натпревари во Гевгелија. Исто така, го изрази своето задоволство за афирмацијата на Гевгелија како значаен спортски центар. Имајќи предвид дека во Гевгелија беше одржан и меморијалниот Меѓународен турнир во кошарка „Боби Петковски“ во организација на Општина Гевгелија, Кошаркарската федерација на Македонија и КК „Кожув“, на кој машката репрезентација на Македонија М-18 ја понесе победата на Турнирот, помеѓу репрезентациите на Бугарија, Грција и Црна Гора.

Препорачуваме:

ФК Беласица започна со подготовките за новата сезона

Ѓ. K.

Видео од акциите и головите со кои ЖФК Тиверија го освои Купот на Карневалот во Струмица

Терзиев ги расплача радовишани со гол од центарот, лавовска победа на Макс Струмица

Ване Трајков