Спорт

Гевгеличани потопени во Бар, за нив нема БИБЛ финале

Кошаркарите на Кожув од Гевгелија по синоќешниот пораз од Морнар во Бар – Црна Гора во реванш полуфиналето од БИБЛ лигата останаа без финале во ова натпреварување. Морнар успеа да ја анулира предноста на гевгеличани од 15 поени од првиот натпревар (86:71) и во реваншот синоќа славеа со 81:56.  ,,Морнарите,,  негативата ја потопија уште во првата четвртина кога имаа водство од 16 поени. Гевгелискиот состав беше рамноправен само во третиот период а во последните 10 минути беа очајни со само 6 уфрлени поени. Гевгеличани по вторпат ги губат шансите за освојување на ова балканска БИБЛ лига.

Препорачуваме:

Одбојкарот Владо Милев избран за спортист на годината за 2023 година

Ѓ. K.

Начевски Шампионски се прости со играчката кариера но останува со фудбалот – Ќе ги тренира малите ,,пандевци,,

Ване Трајков

Кошаркарот Ервин Цого го стави својот дрес на аукција за да ѝ помогне на Луна – ДРЕСОТ ЌЕ ГО ДОБИЕ ТОЈ ШТО ЌЕ ДАДЕ НАЈВИСОКА ПОНУДА

Ѓ. K.