Спорт

Македонија ја совлада Грција, и од првото место се пласираше на Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, попладнево во Струмица ја совлада селекцијата на Грција со 27:23, и обезбеди учество на Европското првенство 2020 година од првото место на табелата.

Македонската селекција ја заврши групата со девет бодови, додека Исланд беше втор со осум. Турција заврши како трета со 4, а Грција на последното место со 5.

Со тоа македонската репрезентација и врати на Грција за првиот и единствен пораз во групата кој се случи во Кожани.

Европското првенство 2020 година ќе се одржи од 9 до 26 јануари во три земји: Австрија, Норвешка и Шведска.

Препорачуваме:

Струмица тргна со победа во финалето на плеј-офот

Ѓ. K.

Одбојкарката Елена Пандева се врати од Италија, ќе биде ново засилување за Струмица

Ѓ. K.

Пандев и Макенаџиев во ВИС СПОРТ – Струмица наскоро ќе исфрли ракометни репрезентативци !