Спорт

Фото – Ракометен спектакл во Парк ,, АСТРАИОНЦИ’’ го надиграа лидерот Металург Јуниор

Ракометарите на струмички Астраион блескаа во спортската сала Парк во седмото првенствено коло од Првата ракометна лига на Македонија Група 2.  Забележаа  победа против лидерот и непоразениот Металург Јуниор со резултат од 24 : 17, во меч  во кој доминираа струмичките деца и нивните ракометни мајстории

Пред околу 1500 посетители во салата Парк, избраниците на Димитар Пандев приредија вистинско ракометно уживање  Првите минути најавуваше неизвесност но на сцена стапија домаќините а пред се расположениот голман Васил Гогов кој со своите одбрани стана енигма за јуниорите на Металург.

Астраион резултатски се одлепи. Почна да ,, бомбардираат ,, преку Иванче Ончев и Стојан Стојанов и обезбедија предност од 5 гола 12:7 резултат кој стана официјален по првото полувреме

Гогов беше несовладлив и во второто полувреме кој ги урна надежите на гостите за резултатско приклучување. Предноста на Астраион се зголемуваше и стаса до плус 11 ( 21:10) . Димитар Пандев дадоа шанса на вториот состав на ракометари кои успеваа да ја задржат предноста а на голот добар беше и Мартин Перовановиќ.

Ончев постигна 9, Стојанов 5 гола а голови постигнаа и надежниот Ѓорги Касапов кој трипати ја тресеше мрежата на Металург, Живко Стојанов двапати  а по еден реализираа и Борче Кочев, Александар Велков, Александар Беџовски , Дарко Катранџиев и Миливој Котевски

Со ова четврта победа – астраионци остануваат на врвот на прволигашката табела зад Металург и Вардар од Неготино

Препорачуваме:

Игор Петков најавува победа против Апиа во Виареџо

Ване Трајков

Вис спорт видео – Како изгледаше отварањето и што кажаа фудбалските работници за ПАНДЕВ КУП 2018

Ване Трајков

Фото – Љафтов му го донесе првиот КУП пехар на бугарски Хебар, колегите го кренаа на раце, публиката аплаудираше !!!