• Mon. May 13th, 2024

Фото – Љафтов му го донесе првиот КУП пехар на бугарски Хебар, колегите го кренаа на раце, публиката аплаудираше !!!

ByВане Трајков

Jan 14, 2019

Љафтов е еден од најсазлужните што Хебар испиша историја и го освои првиот трофеј… Македонецот Љафтов со ас го донесе КУП пехарот за Хебар…. Ова се дел од насловите на бугарските спортски портали и весници откако Хебар од Пазарџик во големото финале го совлада  Невтохимик со 3:2 во сетови  (27-25; 18-25; 22-25; 25-22; 15-7) и испиша златна страница во својата историја .

Струмичанецот Александар Љафтов кој втора сезона е во бугарски Хебар, во финалнио тмеч против Невтохимик постигна 13 поени и 3 аса додека во полуфиналето против Левски постигна фантастични 20 поени, 8 аса и два блока.

,,Целта ни беше или освојување на Купот или на првенството, но зошто да не и двете. Ние го направивме првиот чекор. Во лигата има уште да се игра, само да биде се како што треба без повреди, мислам оти ќе ја освоиме и лигата,, ни изјави Љафтов

Љафтов беше и дел од составот што ја однесе  македонската одбојкарска селекција на Европското првенство ова година а пред извесен период или на Бадниковата вечера се сврши со Ана Додевска која му беше најсилна подршка во завршните мечеви од бугарскиот КУП

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *