Спорт

Хридам од Добрашинци победник на турнирот во мал фудбал во Василево, ТВ Канал ВИС четврти

Eкипата на ХРИДАМ од Добрашинци го освои Новогодишно – божиќниот турнир во мал фудбал што традиционално секоја година се одржува во Василево. Тие во големото финале беа подобри од радовишката екипа Јован Петрол со што ги решија дилемите околу победникот на годинашново издание на ова спортска манифестација

За успехот, фудбалерите од Хридам од Добрашинци ја освоија првата награда вредна 100 илјади денари кои им ја додели Градоначалникот на општина Василево  Марјан Јанев кој им честиташе на победниците  но и на сите екипи што се најдоа во завршницата.

Второ место освои екипата на Јован Петрол од Радовиш и доби награда од 60.000 денари додека третото место го освои екипата на Серта Конче со награда од 30.000. Утешната четврта награда ја освои екипата на ТВ КАНАЛ ВИС со износ од 10.000 денари.

,,Општина Василево секогаш ке ги подржува ваквите настани, бидејќи истите овозможуваат продолжување на одредени традиции, меѓусебно дружење на граѓаните и афирмација на општина Василево и пошироко во регионот,, изјави градоначалникот Марјан Јанев кој беше покровител на турнирот во мал фудбал

Беа доделени и награди за најдобар играч, најдобар голман а на годинашново издание учествуваа 20 екипи од југоисточниот регион а наградниот фонд изнесуваше 200 илјади денари.

Препорачуваме:

Виареџо тимот на Пандев ремизираше со младинскиот Шампион на Бугарија

Ване Трајков

Градоначалникот Костадинов на трибините: „Навиваме за Македонија!“

Ѓ. K.

Синоќа во Куклиш заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал „Јоже Хаџиевски 2023“

Ѓ. K.