Спорт

Неделното дерби на Кукуш во Турново без навивачката група Ајдуци

ФК „Академија Пандев“ денеска соопшти дека не може да ги примат на трибините на стадионот Кукуш во Турново навивачите на Беласица – Ајдуците и тоа од безбедносни причини

„Причината е поради тоа што стадионот „Кукуш“ во Турново има само една трибина, на која нема обезбедено посебно ограден дел за гостински навивачи, а за овој натпревар очекуваме и поголема посетеност. Па затоа во консултација со Комесарот за безбедност на ФК „Академија Пандев“, а најмногу поради безбедност на сите гледачи, решивме ова барање да го одбиеме“, стои во соопштението на ФК „Академија Пандев“.

На ваквата одлука реагираа од ФК „Беласица“ и сметаат дека  не може да дојде до загрозување на безбедноста на мечот оти бидејки домашниот состав нема своја навивачка група.

„Имајќи во предвид дека ФК „Академија Пандев“ нема своја навивачка група, оваа одлука е апсурдна и не е во рамките на спортскиот дух, но ФК „Беласица“ ќе ја почитува истата“, се додава во реакцијата на ФК „Беласица“.

Препорачуваме:

Со икона на Исус Христос, Заев му посака среќа на Пандев на ЛОИ во Рио

Ване Трајков

Познати се осминафиналните двојки на меморијалниот турнир во мал фудбал Благој Истатов со награден фонд од околу 20 илјади евра

Ѓ. K.

Беласица му кажа пријатно на стратегот Живковиќ – Пинда ќе го води тимот против Силекс во реванш мечот од Купот