Спорт

Беласица му кажа пријатно на стратегот Живковиќ – Пинда ќе го води тимот против Силекс во реванш мечот од Купот

По серијата лоши резултати и денешниот пораз од силекс во Кратово, ФК Беласица ја прекина соработката со Марјан Живковиќ. Веста ја објавија  преку соопштение на официјалната ФБ страна на струмичкиот прволигаш

,,По денешниот пораз и слабите резултати во текот на првиот дел од сезоната, раководството на ФК Беласица одлучи да ја прекине соработката со шефот на стручниот штаб – Марјан Живковиќ,, стои во соопштението

Живковиќ не се прослави на кормилото на струмичките сино бели. Под негова палка Беласица оставари само 4 победи што беше премалку на очекувањата на раководството но и фановите на струмичкиот фудбалски клуб

Српскиот кормилар дојде на местото на Цицмиловиќ во второто првенствено коло со градскиот ривал. На стартот кажа дека ќе му треба време да ја скенира екипата и да направи и воигра одличен тим. Во меѓувреме раководството на клубот ангажираше неколку искусни фудбалери но место резултати, Беласица играше слабо што наидуваше на реакции кај публиката на Младост.

Во 18 те кола струмичките сино бели имат 4 победи, 5 нерешени исходи и 9 порази и со 17 бода се наоѓа на последната позиција. Нов стратег ќе се бара за пролетнта полуетапа. Претседателот на клубот Славчо Васков Пинда ни истакна дека тој ќе го предводи тимот на Беласица во реваншот со Силекс во Купот во среда на Младост. Во првиот натпревар Беласица има предост.

 

Препорачуваме:

Џио Струмица ја освои КУП титулата

Ване Трајков

Синоќа во Куклиш заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал „Јоже Хаџиевски 2023“

Ѓ. K.

Кожув во полуфинале од БИБЛ лигата, следен противник Морнар од Црна Гора

Ване Трајков