Забава Спорт

Алонсо е замената за Фетел

Двојниот шампион во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо, од следната сезона ќе биде возач на Астон Мартин, потврдија од клубот. Алонсо во тимот на Астон Мартин доаѓа како замена за четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел. Германецот најави дека на крајот на оваа сезона ќе замине во пензија.

Фернандо Алонсо оваа година настапува за Алпин, а со Астон Мартин ќе потпише повеќегодишен договор. Тој следната сезона за клупски колега во Астон Мартин ќе го има Ленс Строл.

извор: макфакс

Препорачуваме:

Фото – Кошаркарските ветерани од Струмица играа како млади, но загубија од гостите од Лесковац Србија

Ване Трајков

Ја губи ли Струмица титулата?! – Втор пораз од Шутова

Ване Трајков

Во тензичен дуел, Македонија Макс поразена од Јанта

Ване Трајков