Македонија

Сончевo со температура 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен по должина на Повардарието повремено силен ветер (до 60 км/час) од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степен.

Следува период на стабилно време. До вторник ќе дува умерен до силен северен ветер (до 60 км/час) кој ќе биде најизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Дневните температури од утре ќе бидат во постепен пораст.

извор: макфакс

Препорачуваме:

Ослободување од плаќање аконтации за данок на личен доход и данок на добивка за три месеци за угостителите

Сузана Мицева

ССМ е против законски измени за недела да биде работен ден во туристичките места

Ване Трајков

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 436 пациенти