• Sun. May 19th, 2024

Ослободување од плаќање аконтации за данок на личен доход и данок на добивка за три месеци за угостителите

Ослободување од плаќање аконтации на данок за личен доход и аконтации на данок на добивка за март, април и мај е една од последните одлуки на Владата за помош на даночните обврзници кои трпат штети во работењето поради мерките за заштита од коронавирусот. Директорката на УЈП, Сања Луакревска, посочи дека ослободувањето на аконтациите за данок на добивка се однесува на правните лица од угостителската дејност и туризмот, како и за другите субјекти што имаат штета во работењето, пренесува Макфакс

„Во овој момент најважна е помошта од државата за да им се помогне на сите што се погодени од оваа криза. Владата донесе уредба за примена на Законот за личнииот доход за време на вонредна состојба, со кој се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за март, април и мај, како и уредба со која се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за март, април и мај. Ослободувањето од плаќањето на аконтациите на данокот на добивка се однесува на правните лица што вршат угостителска дејност, дејност на туризам и транспорт, како и други обврзници што имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за заштита од Ковид-19“, посочи Лукаревска.

Таа ги соопшти и условите што треба да се исполнуваат за да се користи правото за ослободување од овие аконтации.

„За да го користат ова право, тие треба да ги исполнуваат условите, односно да не исплатуваат дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност или друг вид годишна награда на вработените, како и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, од денот на влегување во сила на уредбата до денот на траењето, односно 15 јуни. Исто така, да не го намалат бројот на вработени од 26 март до три месеци по престанувањето на важноста на уредбата“, додаде директорката.

Фирмите од другите дејности, освен туризмот и угостителството, исто така може да ги користат овие две привилегии, но под други услови.

„Обврзниците од другите дејности правото од ослободување плаќање аконтации на данок на добивка може да го користат ако ги исполнуваат следните услови, а тоа се вкупните приходи да им се намалени најмалку 40 проценти во тековниот месец во однос на февруари или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година да изнесува повеќе од 40 проценти во однос на истиот период во претходната година. Бројот на вработени што не работат, односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник, работодавец, заради спроведување на мерките, да изнесува најмалку 25 проценти од вкупниот број вработени во однос на февруари или даночниот обврзник да затворил најмалку 50 проценти од продажните места преку кои го остварува прометот, како подружници, продажни објекти и слично“, додаде Лукаревскa.

Правото за ослободување од аконтациите се остварува преку електронско поднесување апликација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *