• Sun. May 19th, 2024

ССМ е против законски измени за недела да биде работен ден во туристичките места

ByВане Трајков

May 13, 2022

Министерството за економија достави до Собранието на Северна Македонија Предлог за измени и дополнувања на Законот за трговија со кои се дава предлог во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела и за време на празници.

Измените и дополнувањата на Законот за трговија се доставени до партениците за нивно разгледување и усвојување во Собранието.

Со овие измени се дава можност на сите туристички места што се пропишани со Закон за туристичка дејност, продавниците и дуќаните во кои се врши трговија на мало да можат да работат и во деновите кои се третираат за неработен ден и државни празници во текот на целата година.
Надоместокот од 100 проценти дневница за работа во недела и празници останува за трговците на мало во туристичките места да ја платат на работниците.

Сојузот на синдикати на Македонија не се согласува да се донесат законски измени кои би овозможиле недела да биде работен ден во туристичките центри. Постојното законското решение кое е на сила, велат од ССМ, е донесено по пат на дијалог, и тоа овозможува работа и во недела под одредени услови.

-Со законските измени, ССМ и социјалните партнери обезбедија можност специјализираните продавници или киосци во туристичките места под услови со закон да работат, предвидена е и можноста за работа на моловите, штандови и киосци за време на спортски настани, фестивали, саеми, манифестации и слично, а предвидена е и можноста во продавници за трговија на мало со храна, пијалоци и слично работата да ја вршат лично сопствениците на продавниците. Не смее заради тоа што газдите почувствуваа што значи да се работи во недела да им се ускрати таквото право и повторно да се дозволи работниците да им работат, а тие да одмараат, велат од ССМ

Недела неработен ден стартуваше од почетокот на  годинава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *