Спорт

Во тензичен дуел, Македонија Макс поразена од Јанта

Одбојкарките на Македонија Макс, шансите за пласман во големото финале од Купот ги сведоа на минимум откако во првиот полуфинален натпревар пред своја публика претрпе пораз од Јанта со 3:1 во сетови. Дуелот изобилуваше со атрактивни поени на двете страни но и многу тензија и нервоза пред се поради одредени сомнителни одлуки на судиите Симон Џинас и Јане Попов.

Клупата на Македонија Макс заработи и црвен картон заради реакциите од стратегот Зоран Јанков. Во одреден момент судијата Џинас и го прекина натпреварот заради дофрлувањата од публиката која беше зад неговиот стол која реагираше на неговите одлуки

Имено во финишот на првиот сет според домашниот состав, судиите отсвириле сомнителни поени во корист на Јанта што придонело да го добијат првиот сет иако струмичанки имаа водство. Вториот сет му  припадна на Македонија Макс во чии редови блескаше Мартина Владевска која напрви серија до  8:0 а не помалку ефикасни беа и Пандева и Ричлиева. Следните два сета им припаднаа на гостинките кои пред реваншот пред своја публика имаат огромна предност за ново финале од Купот.

Препорачуваме:

Чанаклија и Висока маала ќе играат за победник на Велигденскиот фудбалски турнир

Ване Трајков

Фото – Беласица го крена Шампионскиот пехар од Третата лига -Исток

Ване Трајков

Пандевци моќни и во Прилеп, ја надиграа Победа и останаа лидери во Првата лига