• Wed. May 22nd, 2024

Продолжи градежната офанзива во Струмица, втор слој асфалт на „Младинска“, „Гоце Делчев“ и „Крушевска Република“

ByЃ. K.

Nov 14, 2023

Градежната офанзива продолжи и оваа работна недела.

По машинското гребење, денеска втор слој асфалт започна да се става на улицата „Младинска“ на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до мостот на поројот „Крушевска Република“.

Овој градежен зафат се реализира на вкупна површина од 4.351,60 метри квадратни, односно должина од 480 и ширина од 9 метри.

Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 7.298.928 денари обезбедени од општинскиот буџет.

By Ѓ. K.