• Sun. Jun 16th, 2024

Europe House Струмица нѐ носи на Дојранското езеро

ByЃ. K.

May 22, 2024

Во јуни, Europe House Струмица нѐ носи во Дојран на Дојранското езеро кое е живеалиште за ендемски птици, риби, алги и е место на изобилство на флора и фауна кое е препознатливо и заштитено од интернационални мрежи како Европскиот зелен појас, Емералд мрежата и Натура 2000.

„Дојранското Езеро се наоѓа најугоисточниот дел на земјава, со површина од 43,1 km2, е најмалото тектонско езеро во земјава. Во народниот јазик, езерото е познато и како Дојрански Ѓол. Отвореноста кон југот и ниската надморска височина (148 метри) причинуваат средна годишна температура на водата да биде околу 15-18 степени, а во лето дури до 25-27 степени, вистински медитерански амбиент на бреговите на Дојранско Езеро„ велат од Europe House Струмица во најавата за настанот кој допрва ќе следи.

До тогаш нѐ оставаат со фотографијата на Томислав Георгиев, кое е едно мало сведоштво за убавината на Дојранското езеро.

By Ѓ. K.