• Sun. Jun 16th, 2024

Дводневна празнична програма во чест на Патронот на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија

ByЃ. K.

May 22, 2024

Во чест на 24 Мај – Денот на сесловенските и македонските просветители „Св. Кирил и Методиј“, Гевгелиското Архиерејско намесништво организира дводневна празнична програма.

Имено, на 23 април, чествувањето започнува со Акатист кон Св. Кирил и Методиј со петтолебие, со почеток во 18:00 часот. Истиот ден, ќе настапат и Градскиот детски хор „Божилак“, со почеток во 19:00 часот и Балетската група „Дива“, со почеток во 19:30 часот.

Наредниот ден (24 мај), ќе се отслужи Света литургија- Празнична утрена, со почеток во 08:30 часот, а во 10:30 часот ќе се благословуваат кумски колачи и ќе се изврши водосвет.

Во 11:00 часот, ќе се одржи Литија со иконата Богородица „Цвет кој не венее“. Празничната програма ќе продолжи со настапите на Ансамбл „Македонија“, со почеток во 11:30 часот и Мандолинскиот оркестар „Полифонија“, со почеток во 12:30 часот.

Програмата за чествување на Патронот на гевгелискиот Божји храм „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде затворена со послужување ручек, во 13:00 часот.

By Ѓ. K.