• Sun. Jun 16th, 2024

Читателска дружба со Лилјана Пандева во организација на Europe Нouse Струмица

ByЃ. K.

May 22, 2024

Во четврток на 23 мај во 19 часот во Concept Hibrid Bar ќе се одржи нова читателска дружба каде главна тема на разговор и дискусија ќе бидат двете прекрасни дела “Луѓенца” и “Заорани” на струмичанката Лилјана Пандева. 

Лилјана Пандева е македонски поет, раскажувач и романописец. Добитник на две откупни награди за краток расказ на „Нова Македонија“. Автор е и на повеќе стручни трудови од областа на македонистиката. Нејзините дела се преведувани на германски, на српски и на руски јазик.

Настанот е во организација на Europe Нouse Strumica, a водител ќе биде младата писателка Рената Атанасова, потоа м-р Аница Глигорова Милева библиотекар советник и Гонца Запрова Анастасова.

By Ѓ. K.