Регион

Во четврток театарска претстава и изложба на тема „Силјан Штркот“ во изведба на учениците од ООУ „Маршал Тито“ – Струмица

На 16.11.2023 година (четврток) со почеток од 18:00 часот ООУ „Маршал Тито“ Струмица организира фандрејзинг настан со повеќе активности. Настанот е во рамки на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, кој училиштето го организира во соработка со Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ и Детската фондација „Песталоци“.

Учениците од VI до IX одделение твореа ликовни творби на тема „Силјан Штркот“, под менторство на професорот Ристо Обрадов. Ликовните творби ќе бидат изложени во фоајето во Дом на АРМ, Струмица. На тема „Силјан Штркот“, со сценарио и режија на професорката Ѓургица Костадиновска, учениците ќе изведат театарска претстава на сцената во Дом на АРМ, Струмица. Учениците од I до V одделение, под менторство на професорката Љубинка Цветанова ќе настапат со песната „За сите деца“. А пред самиот крај, публиката ќе има можност да чуе оркестар со сплет песни изведени од учениците кои ќе настапат под менторство на професорот Ване Кољушков.

Средствата собрани од настанот ќе бидат наменети за купување на асистивна технологија за деца со посебни образовни потреби кои ќе се користат од страна на учениците и професорите.

Настанот ќе се реализира со огромна поддршка од директорката Благица Устапетрова, стручните служби Магдалена Василева и Снежана Узунова. За изгледот на сцената, реквизитите и техничката поддршка се погрижија професорите: Ѓорги Ќосевски, Зоран Смилков, Анкица Костадинова, Трајанка Колева, Аида Беќирова, Зоран Ѓузелов, Соња Ивановска, Бојана Здравева, Никола Ристов, Љубица Галабовска, Ивана Крстова, Даниела Митева, Анета Крстова, Валентина Христова, Тони Митев, Ирена Ристова Стевкова, Саве Андонова и Македонка Делева.

Препорачуваме:

од 300 до 600 евра казна за колење добиток без присуство на ветеринар.

ВИДЕО: Со видео приказни членовите на „Порака“ од Струмица побараа подобар статус

Догодина четири нови ветерници кај Богданци