Регион

од 300 до 600 евра казна за колење добиток без присуство на ветеринар.

Граѓаните кои дома ќе колат свиња или теле без ветеринар, ризикуваат да платат казна од 300 до 600 евра.

Ако некој ве пријави за овој прекршок може да добиете казна од 300 евра, а за правно лице казната е  600 евра.

Во Агенцијата за храна велат дека согласно Законот за безбедностa на храната, колењето на животните надвор од кланица е дозволено само за домашна употреба, со претходно информирање на официјалниот ветеринар и со почитување на условите за благосостојба на животните. Задолжителен е преглед на месото по колењето од  ветеринар.

Субвенции за свињи се даваат само ако свињата се заколе во кланица. Законот за безбедност на храна пропишува дека сите животни треба да се колат во кланица, а исклучок има само за месото за домашна употреба.

Надвор од кланиците секоја година се колат околу 5.000 говеда и 16.000 свињи, покажуваат статистиките.

Препорачуваме:

Општина Гевгелија ќе аплицира со Проект за изградба на нов урбан зелен парк

Ѓ. K.

33-годишен радовишанец лишен од слобода, дома чувал пушка без дозвола

Ѓ. K.

Кога ќе почне следната учебна година ќе се знае за десетина дена

Ѓ. K.